Избрана првата група од 10 финалисти на Евровизија

Првиот круг од изборот на учесници на Евровизија заврши синоќа со избор на музички групи од Русија,Албанија,Молдавија,Романија,Шпанија,Холандија,Кипар,Грција и Исланд кои ќе се натпреваруваат на финалето во сабота.Русија ќе настапи со Бабушки на својот матичен јазик. Некои од претставниците на овој бенд изјавија дека се исполнети со енергија и ентузијазам. Жители на родното место на Бабушки изборот го следеа од локалните клубови.Околу 125 милиони луѓе од различни земји во светот се очекува да го следат изборот за песна на Евровизија што се одржува во Баку,Азербејџан во сабота.