ЕК препорача отворање преговори со Црна Гора

Европската комисија го усвои пролетниот извештај во чии заклучоци препорачува отворање на пристапни преговори со Црна Гора.Во извештајот, како што пренесе Црногорската телевизија, се констатира дека официјална Подгорица завршила добра работа во исполнувањето на критериумите, кои и се зададени за да започне пристапни преговори со ЕУ.Се оценува дека Црна Гора постигнала напредок во областа на владеење на правото, вклучувајќи ја борбата против организираниот криминал и корупцијата, со што ги исполнила условите со ЕУ да започне процес на преговарање.Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ за Пролетниот извештај на ЕК ќе расправаат на 26 јуни, а тој документ пред Советот на ЕУ ќе се најде на 29 јуни.Доколку Советот на ЕУ го усвои извештајот на ЕК, тоа практично ќе значи отворање пристапни преговори со Црна Гора