Турција се надева на подобрување на односите со Франција

Предлог-законот на Саркози предизвика протести во Франција

Турскиот претседател Абдула Ѓул е уверен дека билатерланите односи на неговата земја со Франија ќе се подобрат откако Франсоа Оланд ја превзема претседателската функција. Ѓул се сретна со Оланд на самитот на НАТО во Чикаго во понеделникот. Турските медиуми јавуваат дека двајцата лидери се договориле да „свртат нов лист“ во билатералните односи меѓу двете земји, кои се влошија поради француските приговори на турските евроинтеграции. Ситуацијата се влоши лани, откако екс-претседателот на Франција Никола Саркози се обиде да предложи закон со кој демантирањето на убивањето на Ерменци во отоманска Турција се декларираше за кривично дело. Турција демантира дека имало геноцид во периодот од Првата светска војна.