Најавен договор за „транс-авганистански“ гасовод

Претставници на Туркменстан, Индија и Пакистан денеска би требало да потпишат долгоочекуван договор за снабдување на Индија и Пакистан со туркменстански природен гас преку т.н. „транс-авганистански“ гасовод, чија изградба е подржана од Соединетите американски држави. Новинските агенции јавуваат дека договорот ќе биде потпишан во среда. Идеата за гасоводот вреден 7,6 милијарди американски долари датира од средината на девеесетите години но изградбата се уште не е започната. Туркменстанските власти велат дека низ гасоводот годишно би поминувале 33 милиони кубни метри природен гас.