Кругман - Грција може да излезе од еврозоната, но еврото треба да се одржи

American economist Paul Krugman

Иако не би било добро тоа да се случи, сепак е можно Грција да излезе од еврозоната, изјави Пол Кругман, добитник на Нобеловата награда за економија во 2008 година во интервју за Радио Слободна Европа.
Според мислењето на американскиот економист, прогнозите дека тоа ќе доведе до огромни загуби не се точни.
- „Тоа силно ќе ја погоди грчката економија, ќе има загуби на кредитите за Грција, но тие загуби секако ќе се случат. Ако Европејците се пресметале и го направат она што е потребно за да не се распадне целата еврозона, тогаш тое и не е толку лошо, бидејќи станува збор за мала економија на неодржлив курс, оцени Кругман.
Тој смета дека еврото треба да се одржи по секоја цена.
- Но во моментот, политиката не го прави тоа, туку го уништува. Би било многу лошо да пропадне еврото, иако јас отсекогаш мислев дека неговото воведување е грешка. Грешката е сега направена или тие ја направија и сега сакаме да го спасиме, бидејќи неуспехот на еврото не би било добро за европскиот проект кој во завршницата претставува мир, просперитет и демократија, додаде Кругман.
Тој истакнува дека пропаѓањето на еврото лошо ќе делува на целокупниот извоз во Европа.
Ако Грција си оди од еврозоната, како што јас очекувам дека ќе направи во наредните месеци, тогаш моментот на вистината за останатите од еврозоната ќе дојде многу брзо. Не би бил изненаден ако имаме јасно решение на овој или на оној начин во рок од една година, одговара економистот на прашањето за тоа уште колку време ќе трае кризата на еврото.