Баку е домаќин на Евросонг и покрај кршењето на човековите права

Евровизискиот фестивал започнува денеска во Азербејџан. Евросонгот во Баку ќе го следат 125 милиони луѓе, а на него ќе се престават 42 земји во две полуфиналиња, денес и утре, а финалето е во сабота.
За авторитарната власт на Азербејџан, која е обвинета за кршење на човековите права, ова е настан за промоција на богатата со нафта држава како модерна земја која има прогрес.
Властите потрошија милиони долари за да го подобрат изгледот на Баку. Соседна Ерменија нема да учествува поради конфликтот со Азербејџан околу Нагорно Карабах.