Ден на национална жалост во Албанија

Местото на автобуската несреќа.

Дешниот ден е прогласен за ден на национална жалост во Албанија, поради загинувањето на 12 луѓе во автобуска несреќа. Во синоќешната несреќа во близина на градот Химара, загинаа 11 студенти и возачот на автобусот со кој се превезувале. Неколку студенти се во кома, а останатите 22 се потешко и полесно повредени но се вон животна опасност. Автобусот со кој патувале студентите од Универзитетот „Алексанред Џувани“ од Елбасан, излетал од патот и паднал во бездна длабока 100-ина метри.
Премиерот Сали Бериша, кој присуствуваше на Самитот во Чикаго, ја прекина посетата и најави враќање во Албанија.