Обама: Алијансата подготвена за повлекување од Авганистан

Американскиот претседател Барак Обама и претседателот на Авганистан Хамид Карзаи.

Американскиот претседател Барак Обама соопшти дека земјите членки на НАТО се подготвени да ја предадат одговорноста за безбедност во Авганистан на локалните сили до средината на следната година. Обама изјави дека сепак НАТО зад себе ќе остави мисија за обука, која треба да остане во земјата, откако ќе се повлече борбената мисија до крајот на 2014 година. Говорејќи на затворањето на самитот на НАТО во Чикаго, Обама рече дека НАТО едногласно стои зад планот одговорно да се стави крај на војната во Авганистан. Тој призна дека остануваат сериозни предизвици во Авганистан, и ги опиша Талибанците како „стабилен непријател.“

Во однос на разговорите со Пакистан, Обама изјави дека е направен е значаен напредок и дека е можно Пакистан повторно да ја отвори својата територија за силите на НАТО да можат да ја користат, изјави Обама, по кратката неформална средба со премиерот на Пакистан Асиф Али Зардари на маргините на самитот.
Обама изјави дека Зардари му пренел оти прашањето за повторното отварање на територијата може да биде решено. Исламабад ја затвори својата територија за потребита на НАТО во Авганистан во ноември минатата година откако при воздушни напади на американските сили загинаа дваесетина пакистански војници.