Амано имал корисни разговори во Иран

Иранската државна телевизија ја пренесува изјавата на шефот на нуклеарната организација на Обединетите нации Јукија Амано, кој рекол дека имал „интензивни и многу корисни“ разговори во Техеран со иранските власти. Амано, кој е директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, е во посета на Иран со цел да обезбеди дозвола за инспекција на локациите каде се развива нуклеарната програма на исламската република, за која постојат сомненија дека може да произведе оружје. Медиумите јавуваат дека Амано разговарал со шефот на нуклеарната програма на официјален Техеран Ферејдоун Абаси Давани. Посетата на Амано се случува пред следната рунда разговори меѓу Иран и претставници на шесте светски сили, која ќе се одржи во среда во Багдад.