Пикраменос се сретна со лидерите на грчките партии

Грчкиот службен премиер Панајотис Пикраменос денеска ги почна разговорите со партиските лидери пред самитот на Европската унија, што неделава треба да се одржи на тема изнаоѓање начини за економски раст во Европа. Адонис Самарас, лидерот на конзервативната Нова демократија изрази надеж дека еврозоната наскоро ќе ја поддржи идејата за обврзници и покрај отпорот на Германија.„За да добиеме, треба да останеме во еврозоната и да ги примениме мерките кои ќе ни овозможат брз раст на економијата и ќе помогнат на грчкото општество“ рече Самарас. Лидерот на ПАСОК Евангелос Венизелос изјави дека Пикераменос треба да ги убеди европските партнери да и дадат средства на Грција. Лидерот на Независни Грци Панос Каменос повтори дека треба да биде анулиран меморандумот за економии, потпишан од меѓународните кредитори.