Расте бројот на загинати во бомбашкиот напад во Јемен

Бројот на загинати во нападот на бомбаш самоубиец во Јемен се искачи на 60 лица. Инцидентот се случи во главниот град на земјата Санааж а властите се сомневаат дека напаѓачот имал врски со терористичката Ал Каеда. Човекот облечен во војничка униформа ја активирал експлозивната направа на плоштадот Ал Сабен во близина на претседателската палата. Медиумите јавуваат дека јеменскиот министер за одбрана и шефот на неговиот кабинет биле на местото на настанот, но не се повредени.