Путин ќе ја претстави новата влада на Русија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе ја промовира новата влада на Русија, која, според аналитичарите, ќе биде составена од личности кои му се лојални. Претходно, за премиер беше наименуван, доскорешниот претседател Дмитриј Медведев. Путин го откажа учеството на самитот на Г-8, кој се одржа минатиот викенд, со образложение дека мора да работи на формирањето на руската влада.