Косор ја изгуби битката за претседател на ХДЗ

Јадранка Косор

Досегашната претседателка на Хрватската демократска заедница Јадранка Косор ја изгуби битката на партиските избори. Со освоеното трето место, таа не продолжува во вториот круг внатрепартиски избори. Во вториот круг силите ќе ги одмерат поранешниот министер за внатрешни работи Томислав Карамарко и новото лице на политичката сцена, лекарот Милан Кујунцич. Косор изјави дека жали што не е во вториот круг и што мнозинството делегати не го препознале она што таа го направила за партијата во најтешките моменти по ненадејното заминување на Иво Санадер во средината на 2009 година.