Израел го одбележува крајот на шестдневната војна

Израелските министри одржаа вонредна владина седница со цел одбележување на денот кога Израел го освои Арапскиот источен сектор пред 45 години по шестдневната војна. Во соопштение од кабинетот на премиерот Бењамин Нетанјаху се вели дека владата одлучила да издвои 91 милиони американски долари со цел изградба на туристичка инфраструктира во Ерусалим во следниве шест години. Формални церемонии и забави се одржуваа во текот на целиот ден со цел одбележување на „повторно комплетирање“ на градот по војната во 1967 година.