Втор круг гласање на изборите во Србија

Почна гласањето во вториот круг на изборите во Србија. Предизборните анкети му даваат предност на актуелниот претседател Борис Тадиќ пред неговиот противник Томислав Николиќ. Тадиќ собра повеќе гласови од Николиќ во првиот круг гкласање кој се одржа на 6 мај. Николиќ обвинуваше за изборна измама но властите не најдоа докази за наводно полнење на гласачки кутии. Пред вториот круг Тадиќ доби подршка од Социјалистичката партија, трета по бројот на пратеници во српскиот парламент. Тадиќ ветува дека доколку е избран, третиот претседателски мандат ќе го искористи за започнување на преговорите со Европската унија. Николиќ, пак, се залага за европско членство но не по секоја цена.