Во Франкфурт протести поради мерките за штедење

Најмалку 20 000 луѓе протестираа низ улиците на Франкфурт поради мерките за штедење кои се воведени во рамките на борбата против должничката криза во еврозоната. Полицијата ги затвори главните сообраќајници во центарот на градот и постави контролни пунктови како дел од оперцијата за заштита на германскиот финансиски центар. Демонстрантите се незадоволни поради како што велат страдањата кои властите им ги нанесуваат со своите мерки. Ваквото расположение кулминираше по изборите во Грција, кои не донесоа победник, што пак ги поттикна дискусиите околу загрозеноста на еврозоната.