ОБСЕ: Се е подготвено за изборите во Косово

„На Косово е се подготвено за утрешниот втор круг на српските претседателски избори“, изјави портпаролот на мисијата на ОБСЕ на Косово, Никола Гаон. Според избирачкиот список на Државната изборна комисија повеќе од 109 000 граѓани на Косово имаат право на глас.
-Претседателските избори на Србија кои се одржуваат и во Косово ќе се спроведат на 17 локации и 28 избирачки центри, односно на 90 избирачки места, изјави Гаон.
Тој додаде дека набљудувачите на ОБСЕ денеска ја проверуваат исправноста на бирачките места, а избирачкиот материјал веќе се распоредува во избирачките центри.