Деветнаесет мртви во експлозија на градилиште во Кина

Деветнаесет работници загинале во експлозија во еден тунел на автопат во изградба во централна Кина. Како што јавуваат агенциите, во несреќата е повредено едно лице. Експлозијата се случула за време на истоварувањето на експлозивни средства од едно возило кое се наоѓало во тунелот на автопатот кој се гради меѓу Јанлинг и Руценга во провинцијта Хунан.