Акциите на Фејсбук ја задржаа почетната вредност

Акциите на Фејсбук го завршија првиот ден од тргувањето на скоро истата почетна вредност. На крајот од берзанскиот ден во Њујорк тие имаа вредност од 38.23 долари или 23 центи повеќе од почетната проценка. Тоа значи дека Фејсбук вреди над 105 милијарди долари. Аналитичарите велат дека тоа е малку разочарувачки, бидејќи се очекуваше акциите на Фејсбук да забележат поголема вредност. Некои се сомневаат како Фејсбук ќе го собере приходот од повеќе од 900 милиони корисници.