Протести во Чикаго пред самитот на Г8

Чикаго

Повеќе илјади демонстранти се собрале вчера во центарот на Чикаго, барајќи воведување таканаречени Робин Худ даноци врз банките. Собирот беше замислен да се совпадне со одржувањето на самитот на Г8, но организаторите решија тој наместо во Чикаго да се одржи во Кемп Дејвид. Припадници на движењето ,,Окупирај,, имаат намера да протестираат и во Кемп Дејвид, но полицијата најави дека нема да дозволи тие да се приближат до ова место во Мериленд, кое служи за одмор на американските претседатели. На самитот учествуваат претседателите на држави или на влади на Соединетите држави, Русија, Канада, Јапонија, Франција, Италија, Германија и Британија.