Намален рејтингот на 16 шпански банки

Рејтинг агенцијата Мудис го намали рејтингот на 16 шпански банки поради рецесијата во земјата и сомневањата дека шпанската влада може финансиски да интервенира во банките. До намалувањето на рејтингот доаѓа и по информациите за големи одливи на депозити од четвртата најолема банка во Шпанија, Банкиа, во која веќе интервенираше владата. Кризата во Грција и проблемите во Шпанија влијаеа за натамошен пад на еврото.