Јанукович го потпиша спорниот декрет

Украинскиот претседател Виктор Јанукович потпиша декрет за утврдување на Уставно Собрание. Во јавноста формирањето на ова тело наиде на критика поради обидите да се направат промени во уставот на земјата. Ова тело ќе има 94 членови, a голем дел од нив се академици и правни експерти. Во декретот се предлага поранешниот претседател Леоднид Кравчук да биде поставен за претседател на телото а предложено е и политичките партии да се приклучат во работата на тоа собрание.