Временска прогноза- променливо облачно

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и ветровито со подолги сончеви периоди во западните делови, а во источните пооблачно со услови за слаб локален дожд, особено претпладне. Температурата ќе се движи од 10 до 21 степен. Во Скопје ќе биде променливо облачно и ветровито со подолги сончеви периоди. Температурата ќе достигне до 17 степени.