Полска е подготвена за „Еуро 2012“

Полските власти велат дека се подготвени за одржување на европското првенство во фудбал „Еуро 2012“. „Од денеска Полска достигна целосна оперативна подготвеност“ изјави министерот за спорт Јоана Муча. Првенството ќе се одржи во Полска и Украина, што претставува прво организирање на натпреварите во земји од поранешниот Советски сојуз.