Бахраин против иранските критики за арапската унија

Бахраин побарал Иран да не се меша во внатрешните работи на земјата, откако исламската република ја критикуваше предложената унија меѓу арапските заливски држави. Бахраинскиот министер за надворешни работи Шеид Калед бин Ахмад Ал Калифа изјавил дека унијата е барање на народот. Саудиска арабија исто така побара Иран да не се меша во проектот. Пропагандниот координациски совет, кој со државна подршка ги организира демонстрациите во Иран, вчера ги повика жителите на земјата да излезат на протести по молитвите во петокот во знак на незадоволство од, како што сметаат, план на САД со кој Бахраин ќе стане анекс на Саудиска Арабија.