Француските функционери ќе си ги скратат платите

Франсоа Оланд

Премиерот на Франција Жан Марк Еро најави дека новата влада ќе дискутира за планирани 30 отсто кратења на платите на претседателот и министрите, како прва точка на агендата на новиот владин состав. Новоизбраниот претседател Франсоа Оланд во текот на предизборната кампања најави кратење на платите на функционерите со цел да се „постави пример“. Потегот претставува остар контраст на одлуката на претседателот Никола Саркози кој си ја зголеми месечната плата за 170 проценти на 19,000 евра кон почетокот на неговиот мандат во 2007 година.