Турција ги подржува евроатланските интеграции на Македонија

Претседателот на Големото национално собрание на Република Турција Џемил Чичек денеска уште еднаш ја повтори турската поддршка во однос на евроатланската интеграција на Македонија. „Ние веруваме дека ова барање за зачленување на Македонија е многу праведно и дека тоа ќе биде придонес кон мирот и стабилноста на балканските простори. Се разбира мирот и стабилноста на балканските простори е голема придобивка за сите балкански земји, посебно за оние кои ставаат пречки за зачленување на Македонија во НАТО“ изјави Чичек. Одговарајќи на новинарско прашање дали Турција ќе го отвори прашањето за Македонија на Самитот во Чикаго, тој рече дека претседателите на двете земји ќе бидат таму, ќе се сретнат и ќе го направат тоа што треба.