Најавено распуштање на чеченската влада

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров најави распуштање на владата на руската република. На средба со чеченскиот вицепремиер во Грозни, Кадиров изјави дека поради „нови предизвици“ во републиката одлучил да го „замени владиниот состав“. Лидерот најави структурни реформи во Владата како и регрутирање нови кадри. Претседателот не даде подетално објаснување на неговата одлука.