Грузија очекува да биде забележан нејзиниот напредок кон НАТО

Грузискиот претседател Михаил Саакашвили

Грузискиот претседател Михаил Саакашвили по пристигнувањето во Њујорк на неколкудневна посета на Соединетите држави изјави дека очекува на претстојниот самит на НАТО во Чикаго да биде биде забележан прогресот на таа земја за членство во Алијансата и покрај тоа што на собирот нема да се разговора за проширувањето на НАТО. Тој е поканет на самитот во Чикаго, главно посветен на Авганистан, со оглед на тоа што Грузија учествува во мисијата на НАТО во таа земја со околу 800 војници.