Слепиот кинески активист ќе добие пасош за 15 дена

Чен Гуангченг

Слепиот кинески активист Чен Гуангченг денеска изјави дека властите се согласиле да му издадат пасош во наредните 15 дена со што ќе му се овозможи заедно со семејството да патува во Соединетите држави. Чен избега од домашен притвор кон крајот на минатиот месец, по што се засолни во американската амбасада во Пекинг. Тоа предизвика дипломатски искри меѓу двете земји во моментот кога во посета на Кина престојуваше државниот секретар Хилари Клинтон.