Бродот Сојуз се спои со Меѓународната вселенска станица

Рускиот вселенски брод ,,Сојуз,, со двајца руски и еден американски астронаут денеска успешно се спои со Меѓународната вселенска станица. Бродот беше лансиран од космодромот Бајконур во Казасхтан во вторникот по 40 дневно одложување поради дополнителни проверки на леталото. Новиот екипаж ќе остане на Станицата околу четири ипол месеци.