Македонската владина делегација на бизнис форум во Шангај

Премиерот Никола Груевски на бизнис форум за привлекување странски инвестиции во Пекинг 14.05.2012

Македонската владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски, која е во неколкудневна посета на Кина, денеска на бизнис форум во Шангај, ќе ги претстави можностите за инвестирање во Македонија. Делегацијата ќе има средби и со менаџментот на компанијата за комуникациска технологија „Хуавеј,,. Посетата на Кина владината делегација ја завршува утре со презентација на инвестициските можности на Македонија на бизнис форумот во Хонг Конг.