Почна судењето на 17 осомничени терористи во Таџикистан

Властите во таџикистанската провинција Сухд потврдија дека зад затворени врати почнало судењето на осомничени членови на забранетото Исламистичко движење во Узбекистан. Седумнаесетмината обвинети се товарат за тероризам. Минатата недела властите соопштија дека уапсиле лидер на илегалната организација и двајца негови соработници.