Собранието расправа за предложените уставни измени

Собранието на Република Македонија денеска ја почна расправата за Предлогот на опозицијата за измена на Уставот на Република Македонија. Се предлага дополнување на членот 52 став 4 на Уставот на Република Македонија каде е наведено дека законите и другите акти немаат повратно дејство. На тој начин, како што појасни Ана Павловска Данева, ќе се овозможи со оваа уставна одредба да нема застарување на кривичното гонење и извршувањето на казните за кривични дела поврзани со трансформацијата или продажбата на претпријатија со општествен и државен капитал. Што се однесува за делата за кои веќе настапила застареност, овој амандман не содржи дефинитивни решенија.