Нова опозициска политичка партија во Таџикистан

Куватали Муродов

Некогашните лидери на поранешниот Таџикистански народен фронт најавија формирање на нова партија со цел обединување на политичката опозиција во централноазиската земја. Екс-лидерот на поранешната партија Куватали Муродов во изјава за Радио Слободна Европа вели дека новата партија ќе се вика Народен фронт без оружје а во организацијата ќе членуваат борците и командантите кои се бореле во граѓанската војна од 1992 до 1997 година. Најавено е и зачленување на други политички активисти кои ќе се инволвираат во решавање на економски прашања и ќе учествуваат во таџикистанскиот политички процес.