Растурен протестен камп пред Европската централна банка

Германската полиција го растури кампот на анти-капиталистичките демонстранти кои имаа поставено шатори пред канцелариите на Европската централна банка во Франфурт. Портпаролот на полицијата Манфред Вонхаузен изјави дека на демонстрантите им било кажано да го напуштат местото, согласно одлуката на судот, кој го прогласи кампот за закана на јавната безбедност. Полицајците интервенирале откако 200-те насобрани одбиле да си одат.