Оланд и Меркел согласни- Грција треба да остане во евро зоната

Од инаугурацијата на Оланд

Германската канцеларка Ангела Меркел и новиот претседател на Франција Франсоа Оланд синоќа во Берлин ја имаа првата средба, веднаш по неговата инаугурација. На прес конференцијата по разговорите, тие изјавија дека се согласиле оти Грција треба да остане во евро зоната, додавајќи дека разгледале дополнителни мерки за поттик на економскиот раст за да и се помогне на оваа земја.
На средбата биле покажани и некои разлики во ставовите околу економските прашања- Оланд сака поголемо внимание да му биде посветено на економскиот раст, додека Меркел им дава поголемо значење на мерките за штедење. Францускиот претседател дојде со задоцнување во Берлин, затоа што неговиот авион беше погоден од гром, по што тој се врати во Париз, па за Германија отпатува со друг авион.