Почна судењето на Хашими во Багдад

Тарик Ал Хашими

Судењето на ирачкиот потпретседател Тарик Ал Хашими почна во Багдад во негово отсуство. Највисокорангираниот сунитски политичар, кој е во бегство во Турција, се товари за организирање на напади врз шиитски државни службеници. Судењето заврши по изјавите на неколку сведоци а продолжението е закажано на 20 мај. Хашими тврди дека станува збор за политички процес против него. Тој избега од Багдад во декември. Турските власти одбиваат екстрадиција.