НАТО го поканин Зардари во Чикаго

НАТО го покани пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари на самитот на алијансата во Чикаго викендов. Портпаролот на НАТО Оана Лунгеску рече дека на настанот ќе се разговара за иднината на Авганистан, дополнувајки дека Пакистан игра важна улога во иднината на соседната земја. Поканата следи по стартот на средбата на пакистанските лидери кои го дискутираат барањето на САД за одблокирање на рутите за снабдување на силите на алијансата во Авганистан.