Медведев го предложи новиот руски владин состав

Новоназначениот руски премиер Димитриј Медведев на претседателот Владимир Путин му ги предложи кандидатите за нов владин состав. Медведев не ги откри имињата на предложените за министри. Путин, по премиеркста функција, официјално го започна третиот претседателски мандат на 7 мај. Еден ден подоцна, поранешниот претседател Медведев ја доби премиерската функција. Аналитичарите велат дека конечното претседателско одобрение на владиниот состав е само формалност, бидејки лидерите претходно се договараат за министерските места.