Нова рунда разговори за формирање грчка влада

Грчките политички лидери започнаа нова рунда разговори за формирање влада, во услови кога земјата запаѓа во подлабока криза по одржаните избори. Претседателот Карлос Папуљас е на средба со лидерите на петте политички партии со кои разговара за формирање на технократска влада. Претходните напори за формирање на коалициска влада беа неуспешни по изборите на 6 мај. Ниту една политичка партија не доби потребно мнозинство гласови а лидерите не можат да постигнат согласност за коалицирање поради мерките за штедење, кои се предуслов за добивање на пакет помош од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, се` со цел да се избегне банкрот. Ако преговорите не успеат, се очекуваат нови избори.