Индија најави намалување на увозот на иранска нафта

Индија, соочена со притисок од Соединетите американски држави, најави намалување на увозот на иранска нафта за 11 проценти. Министерот за нафта Драхменда Прадхан пред парламентот изјави дека индиските рафинерии ќе увезат 15,5 милиони тони иранска нафта, помалку од 17,44 милиони тони кои се увезоа минатата година. Соединетите американски држави од Индија и нејзините сојузници бараат намалување на побарувачката на суровината од Иран, со цел да се зголеми притисокот врз официјален Техеран да ги прекине нуклеарните активности кои може да се насочат кон производство на оружје. Техеран демантира дека во земјата се изработува нуклеарна бомба.