Врховниот суд ја одложи расправата по жалбата на Тимошенко

Украинскиот Врховен суд ја одложи за 26-ти јуни расправата по жалбата на екс премиерката Јулија Тимошенко за нејзината 7-годишна затворска казна. Судот донел ваква одлука откако обвинителот побарал и таа да присуствува на рочиштето, но Тимошенко моментално е во болница. Адвокатите на Тимошенко денеска соопштија дека планираат да поднесат жалба и до Европскиот суд за човекови права.