Полицијата во Индонезија го забрани концерот на Лејди Гага

Полицијата во Индонезија денеска соопшти дека не дала дозвола за одржување на предвидениот концерт на американската мега ѕвезда Лејди Гага поради несогласувањата на конзервативните муслимански групи во земјата. Исламистичките групи во Индонезија се заканија дека ќе го спречат концерот на Лејди Гага, кој беше предвиден за 3-ти јуни, оценувајки дека таа ги промовира ѓаволот и хомосексуалноста. Според локалните медиуми, за концерот веќе биле продадени над 30.000 билети.