Франсоа Оланд ќе положи заклетва за претседател на Франција

Новиот француски претседател Франсоа Оланд

Инаугурацијата на новиот француски претседател Франсоа Оланд ќе се одржи денеска во Елисејската палата. Се очекува Оланд да именува премиер и потоа да замине во Германија на разговори за економската криза во Европа. Кампањата на Оланд се состоеше од програма за истакнување на економскиот раст, која е спротивна на мерките за штедење.
Тоа може да го доведе Оланд во конфликт со Германија која инсистира земјите од еврозоната да имплементираат мерки за штедење за економиите да се движат во линија со целите на еврозоната.