Самит на Организацијата на Договорот за колективна безбедност

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин ќе биде домаќин на два Самита за одбележувањето на годишнината на Организацијата на Договорот за колективна безбедност и на неформалната средба на лидерите на организацијата. Самитот е посветен на 20 годишнината од потпишување на договорот и на 10 годишнината од воспоставувањето на организацијата.
Според кабинетот на претседателот сите земји членки ќе бидат присутни, меѓу кои и узбекистанскиот лидер Ислам Каримов.