Мудис го намали кредитниот рејтинг на банките во Италија

Рејтинг агенцијата Мудис го намали кредитниот рејтинг на 26 италијански банки, меѓу кои и Уникредит и Интеса Санпаоло. Според соопштението, рејтингот на италијанските банки сега е меѓу најниските во земјите членки на ЕУ.
Причината за таквиот пад е нивната ранливост на кризата во Италија и мерките на властите кои довеле до помала побарувачка на заеми.