Кар: Пакистан се докажа со блокадата на рутите за НАТО силите

Хина Рабани Кар

Министерот за надворешни работи на Пакистан изјави дека земјата „се докажала“ со тоа што ги блокирала снабдувачките рути за НАТО силите во Авганистан,во знак на незадоволство од воздушен напад на американските сили во кој загинаа пакистански војници. Хина Рабани Кар не појасни дали Пакистан ќе ја прекине блокадата. Нејзините коментари следат по интензивирањето на разговорите меѓу Пакистан и Соединетите американски држави. Поминаа шест месеци од почетокот на блокадата. Официјален Вашингтон соопшти дека нападите кои го предизвикаа однесувањето на пакистанските власти биле несреќен случај, но до сега ги одби пакистанските барања за извинување и прекин на нападите на беспилотни летала во земјата.