Ново задолжување за подобрување на општинските услуги

Собранието на 29-та седница со 51 гласа „за“, 29 против и без воздржани го донесе Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банказа дополнително финансирање на Проектот за подобрување на општинските услуги. Вкупната вредност на проектот изнесува 37,2 милиони евра. Целта на овој заем е да се подобри транспарентноста, финансиската одржливост и квалитетот на извршување на општински услуги кај општините учеснички во проектот. Пратениците од опозицијата гласаа против затоа што според нив нема потреба од вакво задолжување бидејќи има пари во буџетот за решавање на комуналните проблеми во општините.