Русија ја прозва Ал Каеда за нападите во Сирија

Русија ја обвини Ал Каеда за серијата бомбардирања во најголемите градови во Сирија. Рускиот заменик министер за надворешни работи Генади Гатилов рече дека апсолутно е јасно дека терористичката организација стои зад нападите, од кои во последниот загинаа 55 лица минатата недела во Дамаск. Претходно, за сега непозната терористичка група превзема одговорност за инцидентите, но бунтовниците го обвинуваат режимот на претседателот Башар Ал Асад за бомбардирањата. Русија, која е традиционално блиска со Сирија, стави вето на резолуцијата на Обединетите нации со која се предлагаа санкции за сиријскиот претседател, чиј режим употребува сила против цивили.